Поврзете се со нас

АТП

Голем шок: Синер паднал на допинг тест, но помина само со симболична казна

Објавено

на

foto: x.com/CincyTennis

Јаник Синер имал позитивен допинг тест во март годинава, но независна комисија утврдила дека ненамерно го добил забранетиот стероид во својот организам и поради то нема да биде суспендиран.

Италијанецот бил позитивен на два теста за супстанцата клостебол, но доказите приложени до комисијата биле пресудни да помине со полесна казна.

Меѓународната агенција за интегритет во тенисот му ја одзела паричната награда и поените освоени на Индијан Велс, а истата потенцира дека во примероците на Синер е најдена многу мала количина, за што постои и објаснување.

Актуелниот светски рекет број еден го оправдал присуството на клостебол во користењето на спреј за заздравување отворена рана на неговиот физиотерапевт. Тој го користел лекот достапен во секоја аптека во периодот кога и секојдневно спроведувал масерски третмани на тенисерот, па на тој начин сусптанцата завршила и во организмот на Синер.

Јаник на Индијан Велс стигна до полуфиналето, што значи дека сега му се одземени 400 поени и парична награда од 300.000 евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни