Англија
Голем проблем за Сити: Родри заработил тешка повреда, оваа сезона е готова за него!
Манчестер Сити и во актуелнава сезона има високи цели и амбиции, ама до истите ќе мора да стигне без можеби најдобриот, најконстантниот играч Родриго Ернандез Касканте или попознат како Родри.
Шпанецот мораше предвреме да го заврши вчерашното дерби со Арсенал, па иако беше позитивно што сам и без помош го напушти теренот, деталните медицински прегледи покажаа дека се работи за потешка повреда која долго време ќе го оддалечи од терените.
Иако ќе се направат дополнителни тестови, информациите од повеќе извори говорат дека Родри ги скинал предните вкрстените лигаменти на десното колено, повреда која значи крај на актуелнава кампања за него и враќање дури во 2025 година.
Ова дефинитивно е сериозен удар за „граѓаните“, но и за шпанската селекција затоа што фудбалерот за врска е навистина незаменлив и сосема заслужено е номиниран за освојување на „Златната топка“.
Родри играше континуирано, скоро и да не пропушташе натпревари во изминативе неколку сезони што значи дека пред се Гвардиола ќе мора да бара друго решение, решение које ќе носи резултати.
-
Лига на нации21 час
Димитриевски: Верувам дека нема да примам гол, со победа…
-
Балкан22 часа
Капитенот на Задар скокнал во море за да спаси давеник
-
Шпанија22 часа
Иниеста за тврдењата дека е навивач на Реал: Кажани се работи…
-
Лига на нации17 часа
Митровиќ со супер гол ја запечати победата на Србија, Шпанија во финишот ја „скрши“ Данска (ВИДЕО)
-
Лига на нации18 часа
Фудбалерите тренираа во Ереван, подготвени се за жестока битка со Ерменците (ФОТО)
-
Англија23 часа
Одлична вест за Ливерпул: Салах нема да игра на „опасното“ гостување во Мавританија
-
Македонија19 часа
Антоан херој, Пелистер го сруши шампионот во Битола
-
Лига на нации22 часа
Англиски судии ќе ја делат правдата на мечот Ерменија-Македонија