Поврзете се со нас

Англија

Голем проблем за Пеп, му се повреди стандардниот офанзивец: Скршени му се коските на стапалото

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се соочува со сериозни проблеми откако остана без еден од најважните играчи на тимот на подолг период.

Шпанскиот стратег потврди дека во следните три месеци нема да може да се смета на неговиот сонародник, Феран Торес кој доживеал потешка повреда.

Феран е играчот кој можеби е во најдобра форма од сите фудбалери на Манчестер Сити во моментов, па јасно е дека неговото отсуство ќе биде тешко надоместливо за Гвардиола.

– Феран ќе биде надвор од терените два и пол месеци, можеби три месеци. Ги скрши коските на стапалото, -изјави Пеп Гвардиола.

Во досегашниот дел од сезоната шпанскиот офанзивец постигна три погодоци и запиша една асистенција на седум натпревари во сите конкуренции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни