Голем проблем за Клоп пред дербито со Сити

klop-tazen

Екипата на Ливерпул денеска од 17 часот пред своите гледачи ќе се обиде да му го нанесе првиот сезонски пораз на лидерот Манчестер Сити, но тоа четата на Јирген Клоп ќе мора да го направи без неколку значајни играчи.

Првиот како што веќе е познато е Фелипе Кутињо кој неделава го комплетираше трансферот во Барселона, додека пак второто неочекувано отсуство e на холандскиот дефанзивец Вирџил Ван Дајк.

Како што пренесуваат медиумите на островот најскапиот одбранбен играч во историјата има проблем со задната ложа и најверојатно нема да се ризикува со него. Ова секако е голем удар за Ливерпул кој веќе на првиот меч на Ван Дајк го почувствува неговото присуство со оглед на тоа што го постигна победничкиот гол на дуелот против Евертон во ФА Купот.

Најверојатно во срцето на одбраната на „црвените“ во битката со Сити ќе бидат Матип и хрватскиот репрезентативец Ловрен.

Facebook Коментари