Голем проблем за Челси, Азар се повредил на последното дерби

sari-azar

Челси има големи амбиции сезонава, а на последното дерби против Манчестер Јунајтед успеа да освои само бод и тоа со голот на Баркли постигнат во самата завршница од мечот.

Згора на тоа, менаџерот Маурицио Сари одреден период нема да може да смета на својот најдобар фудбалер Еден Азар, над кого беа направени повеќе прекршоци во текот на средбата, а данокот е повреда на грбот.

Белгиецот го одигра целиот натпревар, но следното утро се разбудил со сериозни болки во грбот, што било аларм за лекарскиот тим кој најавил одредена пауза. Според последните информации, Азар сигурно ќе го пропушти дуелот против БАТЕ Борисов во Лига Европа, а неизвесен е и за натпреварот против Барнли во Премиер лигата, закажан три дена подоцна.

Facebook Коментари