Англија
Голем пресврт: „Отпишаниот“ играч од Лампард го продолжи договорот со Челси
Оливие Жиру беше со една нога надвор од Лондон во изминатиот јануарски преоден рок, но благодарение на својот професионализам и неизмерно залагање за тимот, успеа да ја поврати довербата од Френк Лампард и во следните месеци доби значајно место во тимот.
Францускиот напаѓач се избори за своето место откако не направи трансфер и успеа да ја поврати минутажата која всушност и му беше ветена од менаџерот кој претходно го отпиша, а ова попладне пристигна објава дека клубот автоматски му го продолжил договорот откако ја вклучил клаузулата според кој истиот сега ќе трае до 2021-ва година.
Случајот на Жиру е уште еден доказ дека во фудбалот работите можат да биде многу непредвидливо, односно дека напорната работа секогаш ви носи резултат на професионално поле.
– Пресреќен сум што го продолжуваме моето патешествие во Челси. Не можам да дочекам да се вратам на теренот и да уживам со моите соиграчи.
– Со нетрпение чекам да го облечам синот дрес на Челси повторно, особено пред нашите фанови на преполниот „Стемфорд Бриџ“. Се надвеам дека ќе се случи тоа што побрзо кога ќе биде безбедно, – порача Жиру.
Инаку, покрај Французинот, продолжен беше договорот и на голманот Вили Кабалјеро кој исто така останува уште една година во Лондон.
-
Лига на шампиони14 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет13 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија24 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Германија23 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона
-
Формула 114 часа
Мекларен издоминира во квалификациите за Ф1 трката во Австралија