Англија
Голем пресврт: Новинарот кој има инсајдерски информации за Салах го откри следниот чекор на Египќанецот
Мохамед Салах во последните две недели излезе со две изјави кои донесоа и големо разочарување меѓу навивачите на „Енфилд Роуд“, од едноставна причина што Египќанецот најпрво нагласи дека најверојатно ја игра последната година во Премиер лигата, а потоа и последното дерби против Манчестер Сити на домашен терен.
Овие две изјави беа резултат на интерните преговори со клубот кои се во ќор-сокак, а исфрустриран од тоа што до месец декември нема официјална понуда за нов договор, Мо реши да прави притисок со изјавите кои ги даде во јавноста.
Тоа му донесе и негативен публицитет во англискиот печат, но сега угледниот „Мирор“ открива дека дошло до голем пресврт и токму ваквото однесување на Салах го натерало клубот да побрза за исполнување на желбите.
Џон Ричардсон во совјата вест потенцира дека двете страни ги приближиле ставовите и си подале рака за нов двегодишен договор, што секако е извонредно добра вест за навивачите на Ливерпул по вчерашното одложено дерби со Евертон.
Ричардсон е новинарот кој прв ја имаше информацијата за продолжениот договор на Салах пред две години, па затоа се верува дека и овојпат има точна инсајдерска вест од кампот на Египќанецот.
Салах со своите партии од стартот на сезоната покажа дека е клучен фактор и во тимот на Арне Слот, па нема сомнеж дека новиот договор и тоа како го заслужува без оглед на високите барања кои ги има.
🚨 This is interesting:
John Richardson, writing for The Mirror, has claimed that Mohamed Salah is to extend his Liverpool contract by two years. Richardson broke the news on Salah's previous extension. pic.twitter.com/PHZCxxJ1zi
— DaveOCKOP (@DaveOCKOP) December 8, 2024
-
Светски првенства18 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија24 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија18 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Германија23 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Шпанија22 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Светски првенства18 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Англија23 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет23 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот