Поврзете се со нас

Шпанија

Голем пресврт на „кралевите“ на „Месталја“: Винисиус и Бензема за две минути ја матираа Валенсија (ВИДЕО)

Објавено

на

Реал Мадрид со чудесен пресврт во завршните минути дојде до победа на вечерашниот првенствен меч против Валенсија на „Месталја“.

„Кралевите“ беа во негатива од 1-0 до 86 минута за да потоа за само 120 секунди направат комплетен пресврт преку дуото Винисиус Жуниор-Карим Бензема. Прво Бразилецот го пронајде патот до мрежата на „лилјаците“, а пак потоа Бензема стрела за конечни 2-1 и четврта победа во петтиот меч во Примера.

Четата на Анчелоти со 13 бода е на првото место, додека Валенсија за која денеска погоди Дуро ја зазема третата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни