Голем пресврт: Хрватската федерација донесе неочекувана одлука за Червар!

lino-1

Лино Червар по самиот крај на Европското првенство јасно стави до знаење дека сака да се повлече од функцијата селектор на хрватската ракометна репрезентација, одлука која интересно денеска беше разгледанта од ракометната федерација на оваа земја, и сосема неочекувано беше отфрлена.

Хрватската ракометна федерација донесе конечна одлука која ги изненади и угледните медиуми во оваа земја, откако објави дека искусниот стручњак и натаму ќе остане прв човек на стручниот штаб. Во образложението на Хрватите се вели  по разгледувањето на извештајот, Червар останува селектор на репрезентацијата се додека не биде отповикан (вклучена е ваква ставка бидејќи договорот на Лино со Хрватска беше во важност до 31 јануари), а медиумите веднаш почнаа да шпекулираат дека оваа едногласна одлука е резултат на тоа што во овој момент не се гледа кој би можел подобро да го замени тренерот на Металург.

Во опширното сооштение, Федерацијата укажува на тоа дека петтото место освоено на Европското првенство не е ниту успех, ниту неуспех, а големиот пресврт кој го донесе денешното собрание на управниот одбор, ни укажува на тоа дека Лино ќе ги предводи Хрватите и на квалификациите за Светското ракометно првенство.

– По поднесениот извештај пред членовите на управниот одбор, подготвен сум како селектор да ја водам машката хрватска репрезентација  во следните предизвици и да ја продолжам работата која ја започнав, – изјавил искусниот Червар кој по завршувањето на ЕП велеше дека може и комплетно да се повлече од ракометот.

Facebook Коментари