Поврзете се со нас

Македонија

Голем предизвик за голманот на Металург: Ѓорѓески си договори прв интернационален ангажман

Објавено

на

Фото: РК Металург

Голманот на Металург, Даниел Ѓорѓески си договори ангажман за наредната натпреварувачка додека во тек е актуелната, откако денеска пристигна официјална вест од Унгарија за негов трансфер во тамошен клуб.

Македонскиот чувар на мрежата прави прв интернационален трансфер на 27-годишна возраст откако имаше одлични настапи за Металург, откако Будакалас одлучи да го ангажира и го стави во своите планови за наредната сезона.

Ѓорѓески ставил потпис на едногодишен договор и за првпат ќе игра надвор од својата родна земја, бидејќи пред да настапува за Металург, ги бранеше боите на Работнички, Вардар Јуниор, Вардар и Пелистер.

Македонскиот голман оваа сезона собра искуство во Лигата на Европа и почувствува како е да се игра против навистина силни тимови, па сигурно дека тоа ќе му биде од огромно значење во првата интернационална авантура.

– Со задоволство објавуваме дека 27-годишниот македонски голман Даниел Ѓорѓески ќе се приклучи на нашиот прв тим за сезоната 2021/2022 година, – гласи објавата на Будакалас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни