Поврзете се со нас

Балкан

Голем потрес во Сплит пред дербито со Динамо: Хајдук го „шутна“ Калиниќ (Фото)

Објавено

на

Foto: Robert Matić / Hajduk.hr

По само четири месеци на функцијата спортски директор, Никола Калиниќ денеска остан без работа во фудбалскиот клуб Хајдук, откако великанот од Сплит соопшти дека донел одлука да ја прекине соработката со легендарниот напаѓач.

Калиниќ ја заврши играчката кариера во мај како член на првиот тим на Хајдук и експресно се префрли во директорскиот ешалон, но оваа епизода краеше доста кратка и беше доста неуспешна.

Никола доби безброј критики за ужасниот летен преоден рок кој го одработи Хајдук, во кој се чини дека тимот воопшто не се засили. Напротив, Хајдук изгледа како тим кој е доста послаб од ланската сезона, па очигледно сето ова направи да ја видиме првата голема жртва на „Пољуд“.

– Никола Калиниќ од денеска повеќе не е спортски директор на Хајдук, откако клубот реши да ја прекине соработката со него. Тој на крајот на мај годинава ја презеде функцијата прв човек на спортскиот проект, наследувајќи го Миндаугас Николичиус. Ние се разделивме со Никола по завршувањето на преодниот рок, имајќи предвид дека тоае најдоброто решение за клубот во овој момент.

– Одлуката му ја соопштивме и на тренерот Џенаро Гатузо, кој како и сите во клубот, во следните неколку дена има главна цел максимално да се фокусира на претстојното дерби, односно тимот да има најдобра можна физичка и психичка подготовка за натпреварот со Динамо. Бидејќи се работи за исклучително важна функција, во текот на наредната недела ќе го претставиме новиот спортски директор и спортската стратегија на клубот, за која сметаме дека ќе биде единствено исправна за Хајдук на долг рок, – гласи изјави на претседателот на Управниот Одброр на Хајдук, Иван Билиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни