Поврзете се со нас

Шпанија

Голем плус за Германецот: Флик го добива „воинот“ на кој не можеше да смета од стартот во Барселона (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Ханси Флик се соочи со низа проблеми во Барселона од првиот работен ден, а главна причина за тоа се големиот број на повреди кои направија Германецот да се потпре на фудбалери кои не се очекуваа да бидат во прв план.

Тренерот на Барса извонредно ја изменаџира ситуацијата и успеа да извлече максимум од играчи кои малкумина ги гледаа во стартната постава, но супер вест за него е тоа што по враќањата на Гави и Де Јонг, сега добива голем плус и во одбраната.

После точни 156 денови минати надвор од теренот поради тешката повреда која ја заработи на Копа Америка, Роналд Араухо доби зелено светло од медицинскиот тим и експресно се најде во листата на повикани фудбалери за натпреварот против Борусија Дортмунд, па сега останува да се види дали Уругваецот ќе добие шанса во една фаза од натпреварот.

Араухо беше клучен фактор во системот на Чави Ернандес и важеше за убедливо најдобар стопер во неговиот тим, па јасно е дека неговото враќање на терените со нетрпение го очекуваа и фановите на Барселона.

Натпреварот меѓу Борусија и Барселона се игра утревечер на „Сигнал Идуна парк“ во ударниот термин во Лигата на шампиони (21:00 часот).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни