Голем одзив кај младите: Се одржа спортската манифестација ,,ТРЧАЈ, ИГРАЈ, АКТИВИРАЈ СЕ” (Фото)

ams trcanje Igraj Aktiviraj se

Вчера, се одржа спортската манифестација под мотото,,ТРЧАЈ, ИГРАЈ, АКТИВИРАЈ СЕ” која е во рамки на одбележување на Денот на независноста,,8 Септември”. Место на одржување беше на кејот на реката Вардар, каде се собраа голем број млади луѓе кои дојдоа да се дружат, да играат, трчаат и пред се, кои разменија нови идеи и започнаа нови другарства.

Од  Агенцијата за млади и спорт информираат дека во рамки на спортскиот настан се организирало натпреварувања во одбојка на песок, кајак, крос фит, искачување на карпа, скејт активности, а главниот настан бил рекреативната атлетска трка на која учествуваа скоро сите учесници. Исто така овој собир имал и еколошки карактер, бидејќи била организирана и еколошка акција за чистење на кејот на Вардар.

Во продолжение погледнете како младите се забавуваа на вчерашната спортска манифестација.

Facebook Коментари