Голем новитет од Раул: Цветковски го доби првиот репрезентативен повик

jane trening istad 2017

Раул Гонзалес денеска го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета за време на ЕХФ неделата која ќе трае од 23 до 29 октомври, а дефинитивно најголем новитет е повикот на голманот кој веќе извесно време брани во фантастична форма, Јане Цветковски.

„Дерби“ веќе подолг временски период го следи прогресот на Цветковски и ги проследува неговите фантастични настапи за Иштад, а сега голманот на шведскиот прволигаш се најде на радарот на македонскиот селектор кој се одлучи да го награди и за првпат да го вклучи во еден список.

Првиот собер е закажан за 23 октомври во 16:30 часот во хотелот Александар Палас, а како што претходно најави, Гонзалес ЕХФ неделата ќе ја искористи исклучиво за тренинзи во Скопје без некој контролен меч.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ ЗА ПРВ СОБИР
ЕХФ НЕДЕЛА (23-29.10.2017)

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски
Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Филип Миркуловски, Немања Прибак
Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски
Дефанзивци: Велко Маркоски, Аце Јоноски

Facebook Коментари