Поврзете се со нас

Шпанија

Голем малер: Играчот кој конечно дочека вистинска шанса од Анчелоти ќе биде во аут два месеци (Фото)

Објавено

на

Дани Себалјос побара трансфер во Реал Бетис на два дена пред затворањето на летниот преоден рок, па иако оваа операција изгледаше доста реална и примамлива, Карло Анчелоти и Флорентино Перез не дозволија такво нешто, особено поради фактот што немаа доволно време да реагираат и да донесат замена.

На крајот, Себалјос остана во Реал и му беше ветено дека многу брзо ќе добие шанса, а Анчелоти си остана верен на зборот и го стави во стартната постава уште вчера.

Дани се најде во почетните 11 на Реал во пресметката со Бетис, но беше повлечен од игра во 65-та минута поради мали физички проблеми, кои во прв момент никој не веруваше дека ќе бидат толку сериозни.

Себалјос имаше неколку тешки повреди низ годините во периодот кога требаше да се докажува пред Анчелоти, а за жал тој тренд продолжува и сега, бидејќи Шпанецот ќе биде во аут најмалку два месеци.

Реал Мадрид соопшти дека Себалјос има истегнување од трет степен и дека посериозно се зафатени лигаментите на скочниот зглоб, што значи дека Анчелоти останува уште без еден играч за врска во ротацијата, откако претходно се повредија и Џуд Белингам и Едуардо Камавинга.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни