Свет
Голем инцидент во Америка: Легендарниот Кен Блок починал во немил настан во Јута (Фото)

Кен Блок беше убедливо најпознат спортист за кревање на адреналинот во автомобилизмот, но за жал големите фанови на мотоспортот од денеска останаа без својот омилен шоумен кој во минатото се натпреваруваше и во ВРЦ рели.
Тажната вест првично пристигна од Америка и од познатите медиуми како „ТМЗ“, но истата беше потврдена и од страна на ВРЦ од каде се огласија со официјално соопштение, изразувајќи длабоко сочувство до семејството.
Легендарниот Блок имал голема несреќа додека се забавувал со своите пријатели во Јута, каде доживеал страшен пад со моторна санка која откако се превртела, завршила врз него.
Како последица на тешките повреди, Блок починал на лице место и лекарите само подоцна констатирале смрт, а оваа вест за 55-годишниот авантурист ги натажи сите големи фанови на мотоспортот.
Блок беше креатор на најголемите лудории на четири тркала во изминатите две децении, но покрај егзибициите со автомобилите, во својот живот се занимаваше и со мото-крос, скејтбординг и сноубординг.
The #WRC family extends its sympathies to the family and friends of motorsport icon Ken Block.
— WRC – FIA World Rally Championship (@OfficialWRC) January 3, 2023
-
Светпред 23 часа
Червар лут на Гобац: Тој ме смени затоа што мисли дека е татко на ракометот!
-
Светпред 23 часа
Меси отворено за односот со Мбапе: Зборувавме за финалето на СП…
-
Англијапред 9 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 18 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 20 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
НБАпред 22 часа
Тепачка во НБА лигата: Мичел и Брукс влегоа во жесток судир, па двајцата предвреме беа испратени на туширање (ВИДЕО)
-
АТПпред 20 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир
-
Светски првенствапред 17 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)