Поврзете се со нас

АТП

Голем гест: Синер го тешеше расплаканиот Зверев по победата во финалето и му испрати емотивна порака (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AustralianOpen

Јаник Синер не му даде никаква шанса на Александер Зверев во финалето на Аустралијан Опен и ја освои втората титула во Мелбурн, успех кој максимално го заслужи со оглед на прикажната игра денеска, но и во изминатите две недели.

Италијанецот загуби само два сета на патот до финалето и денеска не му препушти ниту една брејк топка на Германецот, кој по третиот пораз во финалињата на грен слем турнирите, очекувано беше емотивно потресен и екстремно разочаран.

Синер покажа голема класа во дадените моменти и се обиде да го утеши својот расплакан ривал, за кого имаше и емотивни зборови во своето обраќање за време на церемонијата.

– Сакам да почнам со Саша. Повторно тежок ден за тебе, за твојот тим и за твоето семејство……..

– Имаш фантастичен тим и ти си неверојатен играч. Мораш да продолжиш да веруваш во себе, сите знаат колку си добар како тенисер, но и како личност. Само продолжи напорно да работиш, сите веруваме дека многу брзо ќе подигнеш трофеј како овој тука, – му порача Синер на Зверев.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни