Голем број од првотимците на Манчестер Јунајтед се свртиле против еден член на стручниот штаб на Оле Гунар Солскјер

ole-raka

Манчестер Јунајтед се наоѓа во тешка криза, на 12. позиција и на само два бода од опасната зона.

Ова е најлошиот старт во последните 30 години за „ѓаволите“, а виновници за тоа се бараат на сите страни. Од Ед Вудвард, Оле Гунар Солскјер, па се до играчите.

Сега, медиумите во Англија пренесуваат дека голем дел од фудбалеритена Јунајтед не биле задоволни од асистентот на Солскјер, Кјеран Мекена. Младиот стратег ги води тренинзите на Манчестер Јунајтед, а според играчите тие не се чувствувале доволно подготвени за натпреварите.

Мекена ужива доверба кај младите фудбалери затоа што со успех ги водеше во минатите сезони пред да биде прекомандуван од Жозе Мурињово првиот тим. Сепак, постарите фудбалери не ги сакаат методите на Мекена, па можеби тој ќе биде „жртвено јагне“ во целата оваа ситуација во Манчестер Јунајтед.

Facebook Коментари