Поврзете се со нас

Шпанија

Голем бес владее во Осасуна по поразот во полуфиналето: Ова натпреварување е направено само за Барса и Реал!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Osasuna

Барселона ја победи Осасуна со 2:0 и закажа нова „Ел Класико“ пресметка во финалето на шпанскиот Суперкуп, натпрварување кое трета година по ред се игра во Ријад.

Каталонскиот гигант долго се мачеше против тимот од Памплона и го скрши отпорот во една контроверзна ситуација, во која дел од играчите на Осасуна и застанаа во очекување да добијат фаул.

Наместо прекршок над Арнаиз, играта продолжи и Роберт Левандовски погоди за 1:0 по додавање од Гундоган, а ова беше клучен момент на натпреварот кој заврши 2:0.

Сите во Осасуна се бесни на судењето во полуфиналето и тренерот и претседателот на клубот излегоа со големите критики, но најжестоката изјава ја даде голманот, Серхио Ерера.

– Ова натпреварување е направено само за да играат Реал Мадрид и Барселона. Не зборувам само за парите, зборувам и за патувањето во Саудиска Арабија. Суперкупот треба да биде за Шпанците, треба да уживаат нашите фанови. Дојдовме тука поради тоа што сме професионалци и поради тоа што ова е наша професија, не од што сакавме, – изјави голманот Ерера.

Само за споредба, Барселона и Реал Мадрид за самото учество во Суперкупот ќе заработат по 6 милиони евра, Атлетико ќе добие 3 милиони евра, а Осасуна нешто помалку од 1 милион евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни