Поврзете се со нас

НБА

Голден Стејт се врати на НБА тронот, Кари им ја затна устата на критичарите!

Објавено

на

Голден Стејт продолжува да пишува својата историја и по пауза од четири години одново стигна до титулата во НБА лигата, четврта за златната генерација предводена од Стеф Кари.

Најдобриот шутер во историјата често знаеше да добива критики за своите изданија во финалните серии и дури трипати му бегаше титулата Бил Расел, но овојпат МВП трофејот за најдобар играч во финалето не можеше да припадне на друг играч. Претходно еднаш ја освои Игудала и двапати Дурент, но сега во шестиот обид стигна до четвртиот НБА прстен и до првата МВП титула.

Кари едноставно не можеше да врзе два лоши шутерски меча во низа и откако во претходниот меч не погоди ниту една тројка, утрово беше нерешлива енигма за одбраната на Бостон и шестиот меч во финалната серија го заврши со 34 поени, 7 скокови и 7 асистенции.

Стеф погоди шест тројки и беше лидер во победата на гостински терен од 90:103, па така Голден Стејт ја прослави седмата титулата во својата историја во „Ти-Ди Гарден“.

Вигинс кој имаше незаборавна финална серија беше втор поентер кај „воините“ со 18 поени, Пул уфрли 15, додека Грин и Томпсон постигнаа по 12 поени. Бостон на крајот мора да се задоволи со учество во финалето и титулата во својата Конференција, бидејќи по водстата од 1:0 и 2:1, дозволи три победи во низа на „воините“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни