НБА
Голден Стејт се пофали со своите роботи: Кари и Грин имаат асистенти со вештачка интелигенција (Видео)

НБА лигата одржа уште еден „технолошки самит“ во рамките на Ол-стар викендот, а комесарот Адам Силвер меѓу другото имаше можност да ги претстави асистентите со вештачка интелигенција кои ги користи Голден Стејт.
„Воините“ имаат четири видови роботи кои им помагаат во извршување на секојдневните обврски, па Стеф Кари, Дрејмонд Грин и останатите ѕвезди на Голден Стејт имаат и дополнителни колеги во својот тим.
НБА објави видеа на кои Кари има шутерски тренер во кој му асистира еден вид на робот, додека Грин си има личен асистент кој го потсетува на обврските за време на секојдневните тренинзи.
Тренерот Стив Кер пак ги користи роботите за поставување одредена одбрана, со што добива асистенција при подготовката на тактички план, а тука е и асистентот со вештачка интелигенција кој помага во собирање и складирање на опремата по тренинзите.
Adam Silver and Golden State Warriors Bring Physical AI to the NBA at 2025 NBA All-Star Technology Summit. pic.twitter.com/4z5lXOc9QO
— NBA (@NBA) February 14, 2025
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства17 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија19 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
АТП20 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Македонија22 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Италија18 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!
-
Светски првенства7 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)