Голден Стејт рутински до победата против Далас (Видео)

Kari

Голден Стејт Вориорс по поразот од Оклахома Тандерс, се совзема и се врати на победничките патеки, овој пат победувајќи го тимот на Далас Маверикс со резултат од 121:103.

Без никакви проблеми во „Оракл Арена”,  Кевин Дурант, ја превзема палката во свои раце и поентираше со 24 коша за победа на неговиот Голден Стејт. Тој додаде и 9 асистенции,а имаше и помош од Стеф Кари кој уфрли 20 поени, Клеј Томпсон додаде 18 и Дрејмонд Грин кој им се приклучи со 12 поени.

Кај  поразениот тим на Далас, најефикасен беше Смитсо  22 поени, а Новицки застана на 16 поени.

Останати резултати во НБА лигата:

Орландо – Атланта 100:98

Торонто – Њујорк 113:88

Вашингтон – Бостон 104:110

Портланд – Шарлот 109:103

Лос Анџелес Лејкерси – Оклахома 106:81

Facebook Коментари