Поврзете се со нас

НБА

Голден Стејт ослободи 30 милиони долари, Крис Пол ќе му асистира на „џинот“ Вембанјама (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/warriors

Адријан Војнаровски традиционално е задолжен да ги споделува најинтересните и најпопуларни вести поврзани за НБА лигата, но посебен фокус привлекува со веродостојните информации поврзани за трансферите на големите ѕвезди.

По завршениот НБА драфт, американските франшизи продолжија со подновување на играчкиот кадар, па по „бомбата“ која ја режираше Пол Џорџ со четиригодишен премин во Филаделфија, за издвојување и трансферот на Крис Пол.

Легендарниот плејмејкер замина во Голден Стејт со цел да стигне до прв титула, но откако целосно потфрли со „вориорси“, следнава сезона ќе загуби неверојатни 19 милиони долари.

Наместо 30 милиони долари, Крис Пол ќе заработи само 11 со преминот во Сан Антонио, франшиза која се реши да му даде шанса на 39-годишниот ветеран.

Крис Пол ќе има главна задача да го разирува младиот „џин“, Виктор Вембанјама, а ќе добие и уникатна прилика да соработува со Грег Попович.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни