Поврзете се со нас

НБА

Голден Стејт одговори тимски на моќната партија на Ембид, Лејкерс забележа супер важна победа (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: www.sfchronicle.com

Голден Стејт Вориорс избори победа над Филаделфија Севентисиксерс (120-112) во дерби натпреварот во НБА лигата.

„Воините“ играат фантастично на домашен терен во актуелнава сезона и тоа го потврдија против Филаделфија иако на спротивната страна го имаа неверојатниот Џоел Ембид кој имаше МВП партија од 46 поени, 9 скока и 8 асистенции.

Домаќините одговорија тимски на изданието на ѕвездата на Филаделфија, односно имаа пет играчи со двоцифрен учинок од кои најмногу се истакна резервистот Пул со 33 кошеви. Кари и Томпсон заедно искомбинираа 60 поени и со тоа дадоа значаен придонес во 39. сезонско славје на составот од Сан Франциско.

Лос Анџелес Лејкерс ја доби Оклахома Сити Тандер со 116-111 и за прв пат сезонава нема негативен учинок, поточно има 37 победи и исто толку порази.

Одговорноста ја презема Дејвис со 37 поени и 15 скокови, поддршка му беше Шрудер со 21 поен, а одличен од клупата беше Вокер со 20 поени.

НБА, резултати:
Селтикс – Пејсерс 120:95
Визардс – Спарс 136:124
Репторс – Пистонс 118:97
Гризлис – Рокитс 151:114
Маверикс – Хорнетс 109:117
Џез – Бакс 116:144
Вориорс – Сиксерс 120:112
Блејзерс – Булс 96:124
Кингс – Санс 135:127
Лејкерс – Тандер 116:111

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни