Поврзете се со нас

Македонија

„Голден Арт“ победи во Радовиш, Гајиќ повторно заигра

Објавено

на

Ракометниот тим „Голден Арт“ освои значајни бодови на гостувањето во Радовиш, славејќи против истоимената домашна екипа со 22:23 (8:11).
Според соопштението до медиумите на скопскиот тим, може да се заклучи дека гостите подобро го отвориле натпреварот и постигнале предност што подоцна ја контролирале до крајот.
– Иако натпреварот го стартувавме како што може да се посака, со добра одбрана и мирен напад создавајќи предност кој се движеше од 4-6 погодоци, сепак во вториот дел на првото полувреме таа предност почна да се намалува за на полувремето резултатот на семафорот да гласи 8:11. Во второто полувреме „Голден Арт“ одржуваше резултатска предност, но во ниту еден момент не повисока од два голови разлика. Финишот донесе комплетна неизвесност со израмнети бројки на семафорот, при што нашите момци беа по конкретни и го однесоа натпреварот до конечен триумф со резултат 22:23 (8:11),- се вели во соопштението за овој натпревар.
По подолга пауза, рековалесцентот Глигор Гајиќ се врати на теренот и во првиот настап сезонава постигна два погодоци. Поефикасни од него беа Дејан Гошевски со 6 голови, Христијан Милошевски со 5 и Мице Шилегов со 4 голови.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни