Македонија
Голден Арт КЛ7 му се заблагодари на Бошковски и започна потрага по нов тренер

Тимот на Голден Арт КЛ7 не успеа да избори место во плејофот по воведниот дел од сезоната во македонската ракометна лига, па поради тоа, клубот одлучи во плејаут битката која претстои да се влезе со нов тренер.
Суперлигашот денеска преку официјално соопштение му се заблагодари на досегашниот предводник Андон Бошковски, по што стана јасно дека амбициозниот проект со прилично млади ракометари ќе добие нов правец во наредниот период.
– Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира македонската спортска јавност дека заклучно со 15.01.2020 година (петок) престануваат сите обврски за ангажман како главен тренер во клубот на досегашниот прв тренер Андон Бошковски.
На Бошковски му благодариме на досегашната соработка и за придонесот во развој на нашиот проект и му посакуваме многу успех во следните ангажмани.
Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение за прв тренер на клубот.

- Италијапред 22 часа
Ибрахимовиќ му испрати директна порака на Лукаку во пресрет на шоуто кое ќе го има со Михајловиќ
- НБАпред 23 часа
НБА бравури со балкански шмек: Спектакуларното додавање на Дончиќ и моќното забивање на Јокиќ (Видео)
- Францијапред 23 часа
Како бестрашниот Мбапе нема милост кон противникот: Да им дадеме шест или седум гола! (Видео)
- Светпред 20 часа
Сопругата на Мамаев јавно го обвини фудбалерот дека ја изневерувал на подготовките во Шпанија
- Италијапред 24 часа
Серија А одби да го одложи натпреварот Лацио-Торино
- Шпанијапред 22 часа
Најава за огромни промени на „Месталја“: Малезиски принц ќе ја спасува Валенсија!
- Шпанијапред 21 час
Куман за чудесната рехабилитација на својата млада ѕвезда во тимот: Некои работи не можат да се објаснат
- Англијапред 19 часа
Сколс објасни зошто Бруно не смее да биде избран за играч на годината