Поврзете се со нас

Македонија

Голден Арт КЛ7 и Работнички се израдуваа на први победи во Суперлигата

Објавено

на

Голден Арт КЛ7 го забележа првото реми по рестартот на сезоната на мечот со Струга, но ова попладне ја дочека и првата победа во дебитантската сезона во најсилно друштво.

Новоформираниот тим од Скопје го совладаа Јуниор КВ со убедливи 30:18, со што за првпат ја почувствуваа сласта на победата во најсилна конкуренција во нашата земја. Избраниците на Андон Бошковски му дозволија на противникот да има водство само на почетокот, по што максимално завладеаја на теренот и веќе на полувремето имаа комотни 15:7.

Ова беше добра најава дека ќе ја видиме нивната прва победа во ракометната Суперлига, успех до кој стигна и Работнички по трите порази на стартот на сезоната.

Во истиот термин од 13:00 часот, Работнички на домашен терен го пречека Младост, но интересно, малку фалеше да направи глупост по неверојатната игра во првиот дел.

Работнички имаше предност од 17:8, но значително се опушти во вториот дел и Младост на крајот стигна и до минус три за тесен пораз од 35:32.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни