Поврзете се со нас

Македонија

Голден Арт ја продолжи победничката серија

Објавено

на

Ракометарите на Голден Арт ја продолжија победничката серија во македонската прва лига, а во денешното трето коло совладан е тимот на Македонија ЃП со резултат 33:22 (18:11).

Момците на тренерот Матлиески со цврста и подвижна одбрана и денес расположениот Златко Даскалоски на голот за краток период создаде убава разлика од 8:2, која до полувреме дојде и до максимални за првиот дел седум разлика.

Со стартот на вториот дел оваа разлика само се зголемуваше, по што во вториот дел тренерот Матлиески им даде шанса на нашите кадети во првиот тим.

Најпрецизни во тим на домаќинот беа Гучески со седум и Даев кој постигна пет погодоци. Капитенот Глигор Гајиќ погоди четири пати, додека по три погодоци постигнаа Миланов, Пасковски и Дрпљанин.

Куриозитет на овој натпревар се првите погодоци во сениорската конкуренција на официјален натпревар за младите Кристијан Стаменковиќ и Андреј Глигоров.

Следниот натпревар Голден Арт го игра во Струмица, против екипата на Астарион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни