Поврзете се со нас

Свет

Гол за „Пушкаш“: Дракслер со атрактивни „ножички“ донесе победа за Ал Ахли (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/ahliqat

Некогашниот голем германски талент Јулијан Дракслер веќе некое време не е во фокусот на јавноста особено од 2023 година кога од Европа се пресели во Азија и тоа во Катар каде настапува за составот на Ал Ахли од Доха.

Меѓутоа Германецот одвреме навреме знае да блесне и да потсети на најдобрите времиња, па така вчеравечер можеби го постигна најубавиот гол во кариерата и тоа за триумф на неговиот тим над Ал Кор во првата катарска лига.

Се играше 87 минута кога офанзивецот доби топка која одлучи да ја фати во воздух и со магични ножички ја испрати во мрежата на домаќините за огромна радост. Ова е погодок вреден за наградата „Ференц Пушкаш“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни