Гол за пласман во четвртфиналето: Муслиу му пресуди на Ристевски и Ујпешт (ВИДЕО)

musliu

Македонскиот репрезентативец, Висар Муслиу беше херој на МОЛ Фехервар во битката со Ујпешт во осминафиналето на Купот на Унгарија.

Првата средба заврши без победник и без голови, а на добар пат истото сценарио беше да се потврди и на вечерашниот меч, но нашиот Муслиу во 89 минута се најде на вистинското место и ја смеси топката во мрежата на гостите за конечни 1-0.

Со овој резултат Муслиу и Бобан Николов кој денеска не доби шанса за настап го елиминираа колегата од националниот тим Кире Ристевски кој оваа средба ја мина на клупата за резерви.

Facebook Коментари