Поврзете се со нас

Италија

Гол шоу на шампионот: Наполи го уништи очајниот Сасуоло (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/SerieA

Екипата на Наполи го разнесе Сасуоло со 6-1 во заостанатиот меч од 21. коло во италијанската Серија А.

Гостите од Неапол максимално ги користеа сите пропушти, грешки на домаќините кои одиграа катастрофално во одбраната, дадоа многу подароци што е недопостливо на највисоко ниво.

Интересно е тоа што Сасуоло поведе преку Рачиќ со удар од далечини, но потоа на сцена стапија фудбалерите од Неапол кои со погодоците на Рахмани и Осимен (2) го завршија со 3-1 првото полувреме.

Во вториот дел Кварацхелија (2) и Осимен го дотеаа домаќинот за победнички крај на овој месец.

Со 40 бода Наполи е на 9. место во Калчото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни