Гол-шоу на репрезентативецот: Манасков ја наполни мрежата на Балатонфуреди

deki radost

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков имаше извонредна партија за Веспрем на гостувањетото кај Балатонфуреди во унгарскиот шампионат.

Сосема очекувано фаворитот славеше со 39-25 (18-11) и тоа на крилјата на нашиот Деки кој беше прв стрелец со 9 постигнати голови. Ова за четата на Љубомир Врањеш беше деветта победа во исто толку средби во првенството и со 18 бода е на првото место на табелата.

Сега следува ново гостување и тоа во Лигата на шампионите кај Пари Сен Жермен.

Facebook Коментари