Поврзете се со нас

Германија

Гол-шоу на Халанд за „петарда“ на Дортмунд во Берлин (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Фудбалерите на Борусија Дортмунд со фуриозно второ полувреме дојдоа до посакуваниот резултат на вечерашното гостување во Берлин кај Херта во Бундеслигата.

„Милионерите“ влегоа во вторите 45 минути со негатива од 1-0, меѓутоа таа предност на домаќините остварена со погодокот на Куња како да им даде дополнителна енергија, мотивација за да го оправдаат статусот на фаворит.

Имено младата норвешка гол-машина Халанд се разбуди и успеа да даде дури четири погодоци, плус погоди и Гереиро за конечно славје на Дортмунд од 5-2. Со овој „покер“ Ерлинг дојде до бројката од 10 погодоци со што е на второто место на листата на стрелци зад Левандовски (11).

На оваа средба воедно за гостите дебитираше и големиот талент, 16-годшниот Јусуфа Мукоко.

Дортмунд со 18 бода е на втората позиција, поточно има еден помалку од актуелниот шампион Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни