Гол-шоу на „Енфилд Роуд“: Ливерпул го потопи Евертон во градското дерби (Видео)

liverpul slavje

Фудбалерите на Ливерпул му одржаа лекција на Евертон во вечерашната пресметка од 15. коло во Премиер лигата.

Лидерот во најсилната англиска конкуренција славеше со 5-2 и на тој начин само ја продолжи одличната серија на резултати во шампионатот каде засега само Манчестер Јунајтед успеа да му украде бодови (1-1). Јирген Клоп во оваа градска битка влезе со променет состав, па така го немаше голманот Алисон, потоа Фабињо како и Фирмино, Салах и Хендерсон кои беа на клупата за резерви, но без разлика на тоа домаќините без проблем ги надиграа „карамелите“.

Веќе по 17 минути беше 2-0 со головите на Ориги и Шаќири, неизвесноста во 21 ја врати Кен, но во 31 и 45 Ориги и Мане стрелаа за 4-1 по што точка на гол-шоуто во првиот дел стави Ричарлисон.

Овој резултат беше активен се до самата завршина кога Вајналдум се најде во вистинското место за „петка“ на Ливерпул и потврда на 14 победа во 15 првенствен натпревар.

Четата на Клоп има 43 бодови, Лестер на второто место 35, а пак Сити во моментов ја држи позицијата број три со 32 поени.

Facebook Коментари