Поврзете се со нас

Италија

Гол шоу на „Диего Марадона: Наполи испука „петарда“ во дербито со седум погодоци (Видео)

Објавено

на

Наполи продолжи во потерата кон топ четири во италијанската Серија А, но истовремено му зададе тежок удар на Лацио кој по убедливиот пораз вечерва има се помали шанси за влез во Лигата на шампионите наредната сезона.

Тимот на Џенаро Гатузо доби џек-пот во почетокот на мечот со двата гола на Инсиње и Политано до 12-та минута, по што работите беа далеку поедноставни за домаќините. Лациот се обиде да возврати и реално заслужи да постигне гол за враќање во игра, но наместо тоа, во второто полувреме прими уште два гола, по што стана јасно дека е решено прашањето околу победникот.

Инсиње по една контра зголеми на 3:0, Метенс погоди за 4:0, по што следеа два гола на Лацио преку Имобиле и Савиќ, кои сепак беа задоцнет сигнал за враќање во мечот.

Во фантастичното гол шоу во Неапол, на крајот се приклучи и Осимен кој ги постави конечните 5:2, а завршните десетина минути од средбата ги одигра Елиф Елмас кој доби шанса од Гатузо и покрај тоа што беше избркан од тренинг пред два дена.

Со овие три бода, Наполи е на минус два од Јувентус како петтопласиран, а сега има пет повеќе од Лацио кој е на шестото место во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни