Поврзете се со нас

Англија

Гол-разлика ќе го одлучи шампионот: Суперкомпјутер предвиде кој ќе ја грабне титулата во Премиер лигата (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Премиер лигата е најинтересно првенство кога е во прашање борбата за пехарот во оваа сезона затоа што имаме три скоро изедначени екипи што е гаранција за пеколни 11 кола до крајот.

Ливерпул засега е на врвот со 63 бода, Манчестер Сити е втор со 62, додека Арсенал има 61 поен што доволно говори дека ќе имаме голема драма за титулата.

Одговорот за првакот официјално ќе го добиеме во наредниов период, месеци, но затоа тука го имаме суперкомјутерот „Бетси“ кој уште отсега даде прогноза за тоа кој ќе биде на врвот на крајот на натпреварувачката 2023/2024.

Ќе биде многу тесно и гол разлилата ќе го реши прашањето за првакот, поточно според суперкомпјутерот титулата ќе заврши кај Арсенал.

„Топчиите“ и Ливерпул ќе имат ист број на бодови (86), но Арсенал ќе има плус 61, а „црвените“ плус 52 кога се работи за гол разликата. Сити ќе биде трет со 84 поени.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни