Гол на кариерата: Ивановиќ со фантастични ножички го среди Сосиедад (Видео)

bane

Тимот на Зенит направи мало изненадување и славеше со 3-1 на гостувањето кај Реал Сосиедад со што го освои првото место во групата Л од која уште беа дел нашиот Вардар и Розенборг.

Токму на средбата на „Аноета“ падна еден страшен гол и тоа во режија на искусниот Бранислав Ивановиќ.  Бане во 64 минута на мастрален начин со ножички го врати во водство Зенит со 2-1, односно ги отвори вратите за триумф на рускиот претставник кој потоа го потврди Паредес.

Ова е голот на кариерата на Србинот и сигурно еден од кандидатите за најдобар во актуелнава кампања.

Facebook Коментари