Гол машина: Тричковски со хет-трик го потопи Штурм (Видео)

trickovski

Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски одигра уште еден блескав меч во дресот на АЕК Ларнака и тоа против Штурм во квалификациите за пламсна во групната фаза во Лига Европа.

Клубот од Кипар го доби реваншот пред своите гледачи со 5-0, а најголеми заслуги за истиот имаше токму нашиот напаѓач кој постигна хет-трик. Популарниот Тричко стрелаше во 8, 67 и 80 минута од средбата со што слободно може да се каже дека сам го „уби“ Штурм во овој двомеч со оглед на тоа што погоди и на првата пресметка во Австрија.

Иван постигна и два гола на дуелот со Дандалк од претходната фаза, па така на четири средби има постигнато шест голови.

Facebook Коментари