Гол машина: Халанд повторно влезе од клупата и со нови два погодоци го нокаутираше Келн (Видео)

haland-1

Ерлинд Халанд беше вистинска топ тема минатата седмица кога го имаше своето деби во Бундеслигата, бидјеќи на својот прв натпревар за Борусија Дортумд успеа да запише хет-трик откако доби шанса од клупата за резерви.

Оваа вечер, сензационалниот норвешки напаѓач одново не беше во стартната постава на тренерот Фавре, но откако влезе во игра во 65-та минута, доволен му беше остатокот од мечот за одново да заблеска во полн сјај. Тринаесет минути по влегувањето, Халанд се најде на вистинско место во вистинско време и погоди за 4:1, а во самата завршница на мечот, постигна и втор погодок со кој го постави конечни реузлтат на средбата.

Ерлинг остана мирен иако беше речиси во мртов агол и на тој начин го постигна дури петтиот гол во вториот настап за Борусија, а навистина фасцинантно е тоа што на теренот не мина повеќе од 70 минути.

Што се однесува до денешниот меч, претходно за Борусија погодија Гереиро, Ројс и Санчо, а почесниот гол за гостите од Келн беше дело на Ут.

Facebook Коментари