Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гол машина: Халанд постави два нови рекорди во победата на Сити (ФОТО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити со голем пресврт дојде до посакуваните три бода во дуелот со РБ Лајпциг кој го реши со 3-2.

„Граѓаните“ имаа негатива од 2-0 по првото полувреме, но во вториот дел работите си дојдоа на свое место и актуелниот европски шампион постигна три гола за славје и обезбедување на првото место во групата Г.

Еден од погодоците на Сити беше дело на Ерлинг Халанд, а тоа донесе два нови рекорди за норвешката гол машина. Тој стана играчот кој најбрзо стигнал до 40 гол во елитното натпреварување, поточно потребни му беа 35 средби со што го остави зад себе Руд Ван Нистелрој.

Воедно Ерлинг стана и најмладиот фудбалер кој успеал да дојде до бројката од 40 реализации притоа соборувајќи го претходниот рекорд кој беше во сопственост на Килијан Мбапе.

Да не заборавивме пред неколку дена Норвежанецот стана играчот кој најбрзо стигнал до 50 погодоци во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни