Поврзете се со нас

Свет

Гол машина: Халанд е подобар од Меси и Роналдо

Објавено

на

Ерлинг Браут Халанд е еден од играчите кои моментално блескаат на големата сцена, играч кој најавува дека пред нас е ѕвезда која во наредниов период, наредниве години ќе ја освои Европа и светот со своите настапи и постигнати голови.

Норвежанецот има само 19 години, но неговите бројки се фантастични, далеку подобри кои на истата возраст ги имале двете најголеми фудбалки имиња во оваа ера Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Тој од почетокот на годинава е член на Борусија Дортмунд и досега нема дадено гол на само четири бундеслигашки мечеви. Севкупно неговиот бројки на клупски план се 62 голови на 106 мечеви (0.58 во просек) што е далеку подобро од она што Лионел и Кристијано го имале на возраст од 19 години и 10 месеци.

Португалецот имал само 12 голови на 87 мечеви или 0,13 голови во просек, додека пак Аргентинецот 20 погодици на 63 мечеви или тоа е просечно по 0,31.

За да стигнат до 62 голови колку што сега Халанд има дадено за клубовите за кои настапувал на Меси му биле потребни 132 мечеви, а пак на Роналдо дури 233 натпревари.

Ова се статистички податоци кои покажуваа дека Ерлинг е супер талент пред кого стои блескава иднина, меѓутоа за да биде како Меси и Роналдо ќе мора да покаже континиитет, квалитет низ подолг временски период, а дали ќе успее во тоа ќе покаже времето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни