Поврзете се со нас

АТП

Гофан победи француски тенисер, па остана шокиран од публиката: Ова го има само на Ролан Гарос (Видео)

Објавено

на

Давид Гофан го мина првото коло на Ролан Гарос и победи против домашниот тенисер Џовани Перикар, но жестоката битка која се водеше на теренот донесе посебно наелектризирана атмосфера на трибините.

Искусниот Белгиец славеше со 3:2 по три часа и 31 минута борба на теренот, па откако го освои последниот поен, не пропушти шанса да ја провоцира домашната публика.

Гофан навистина долго е од тениската елита и своевремено остваруваше далеку подобри резултати, но сега како пониско рангиран тенисер, не пропушти да го нагласи недостатокот на култура кој владее кај француските тениски фанови.

– Кога некој ве навредува три ипол часа, нормално е на крајот така да реагирате и да ја критикувате публиката. Нивниот однос отиде предалеку, сметам дека се покажа непочитување. Едно е да го бодрите домашниот тенисер, но сосема друго тоа што го правеа од трибините. Некои доаѓаат на трибините само за да направат проблем. Некој дури и ме гаѓаше со мастиката која ја џвакал.

– Многумина тенисери се жалат за односот кој го добиваат тука, тоа го знаат и одговорните лица во АТП. Ова се случува само во Франција на Ролан Гарос. Вакви работи не се случуваат на Вимблдон, во Австралија и на Ју-Ес Опен, – критикува Гофан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни