Гофан го шокираше Надал на турнирот во Лондон

goffin

Давид Гофан испушти четири меч топки уште во вториот сет, но по три сета успеа да го победи фаворитот Рафаел Надал во првото коло на групата „Пит Сампрас“ на завршниот АТП турнир во Лондон.

Белгиецот приреди сензација, но заслужено триумфираше над светскиот рекет број еден, откако првиот сет го доби во тај-брејк. Во вториот имаше 40:0 при водство од 5:4, а потоа и уште една меч топка, но Надал се извлече и преку тај-брејк се избори за решавачката етапа. Гофан направи два брејка и дозволи еден за противникот во третиот сет, па истиот го доби со 6:4 и не му дозволи на противникот да направи целосен пресврт.

За Гофан ова е прва победа против Надал, а Шпанецот имаше проблеми со коленото и тоа можеше да се забележи по неговото движење во втората половина од мечот во Лондон.

Денеска, во истата група, Димитров го совлада Тим со 2:1 во сетови.

Facebook Коментари