Поврзете се со нас

АТП

Гоф: Сите знаеме дека Федерер е најдобар

Објавено

на

Низ тениските кругови долго време трае дебатата за тоа кој е најдобар рекет на сите времиња, дебата која дефинитивно ќе се води како сега така и во иднина.

Голем број на поранешни асови го споделија својот став, тоа го прават и дел од сегашните играчи, а меѓу нив е и тинејџерката Коко Гоф. Американката која има 17 години смета дека Швајцарецот е едноставно без конкуренција поради се што има направено на и надвор од теренот.

-Сите знаеме дека Федерер е најдобар, на теренот и надвор од него. Поради влијанието врз играта, однесувањето, однесувањето кон медиумите. Се обидувам тоа да го научам и применам.

-Тој е одличен човек, имав можност да разговарам со него неколку пати. Тој секогаш ме поддржуваше. Искрено, немам доволно зборови за да го опишам. Мислам дека никој нема да каже ништо лошо за него. Тој е еден од најдобрите играчи и луѓе што сум ги запознала, -вели Гоф која во моментов е на 19 место на ВТА листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни