Поврзете се со нас

Свет

Годините се само бројка за него: Роналдо прв до 40 погодоци во 2023 година

Објавено

на

foto:twitter.com/selecaoportugal

Португалија лесно се справи со Босна и Херцеговина во квалификацискиот дуел за Европското првенство во 2024 година, победа од 5-0 која беше остварена во Зеница.

Португалците се „распукаа“ уште во првиот дел во кој петпати се тресеше мрежата на домаќините од кои два гола беа дело на капитенот Кристијано Роналдо.

Со ова Роналдо само го подобри својот учинок во овој циклус, но и во националниот тим, а во исто време со вчерашната партија изби на првото место на листата на стрелци кога се во прашање постигнатите голови во 2023 година.

Тој зад своето име има веќе 40 голови со што засега ги остави зад себе далеку помладите Ерлинг Халанд со 39 и Килијан Мбапе кој има 35. Само за потсетување Кристијано за неколку месеци ќе го прослави 39 роденден што јасно говори дека се уште е гол машина иако е на самиот крај на кариерата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни