Поврзете се со нас

НБА

Годините се само бројка: Леброн е најдобриот играч во оваа сезона (ФОТО)

Објавено

на

Леброн Џејмс одигра уште еден моќен натпревар во дресот на Лос Анџелес Лејкерс и тоа на гостувањето кај Сакраменто Кингс каде даде 34 поени на кои придодаде 7 скока и 6 асистенции.

Меѓутоа и оваа партија не беше доволна за „езерџиите“ да остварат позитивен резултат, односно загубија од соседот со 125-116 пред се поради катастрофалната трета четвртина (40-23). Сепак без разлика на поразот Леброн е лидер во една исклучителна категорија и заслужија доста почит за тоа што го прави сезонава во 37 година од животот.

Имено „кралот“ има дури 19 мечеви со 30+кошеви во оваа сезона со што е пред Кевин Дурент, Тре Јанг, Јанис Адетокумбо и Жоел Ембид кои имале по 15 вакви натпревари.

Меѓутоа кога е во прашање резултатот на тимот, тогаш не е баш најдобро Џејмс да има 30+ поени затоа што Лејкерс имаат учинок 10-9.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни