Поврзете се со нас

Свет

Годин се збогуваше со Европа и го потврди новиот клуб

Објавено

на

Диего Годин ја заврши својата долга професионална европска авантура и официјално се врати на јужноамериканскиот континент.

Уругвајскиот дефанзивец денеска потпишал за бразилскиот тим Атлетико Минеиро, што значи дека првпат ќе настапува во најелитната лига на оваа земја.

Годин го раскина договорот со Калјари, клуб во кој дојде откако се претвори во вишок во редовите на Интер, па Серија А ќе биде последната европска лига во која ќе настапува 35-годишниот фудбалер.

Уругваецот пристигна во Европа во 2007 година како играч на Вилјареал, а најуспешните сезони ги одигра во дресот на Атлетико Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни