Поврзете се со нас

Италија

Годин потпиша тригодишен договор, ќе настапува во „црвено-син“ дрес

Објавено

на

Диего Годин пристигна во Интер како големо засилување за одбраната, но по само една сезона е принуден да го промени клубот.

Уругваецот денеска е претставен како нов член на Калјари, што значи дека останува во Серија А, но ќе настапува во екипа со поинакви амбиции од шампионските на тимот на Антонио Конте.

Иако со големо искуство зад себе, Годин не успеа да го убеди Конте дека треба да го задржи во составот, посебно што неговиот трансфер беше договорен уште пред актуелниот тренер да ја преземе функцијата.

Годин на 34-годишна возраст потпишал тригодишен договор со Калјари, па нема да биде изненадување ако игра до крајот на кариерата во составот од Сардинија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни