Поврзете се со нас

Италија

Гоче шоу во 12 минути: Како Пандев низ годините ги тресеше мрежите во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

Најдобриот македонски фудбалер и капитен на репрезентацијата, Горан Пандев оваа седмица дојде до еден убав јубилеј, дојде до бројката од 100 погодоци во Серија А, учинок со кој можат да се пофали само одредено друштво на играчи.

Пандев ја заокружи стотката на пресметката против Беневенто каде беше двоен стрелец во ремито од 2-2. Со ова Гоче стигна до 27 погодок во дресот на Џенова кога е во прашање Калчото, меѓутоа тоа се уште е далеку од неговиот најдобар ефект, 48 погодоци за Лацио.

Сите овие голови за Џенова и Лацио, плус оние како член на Интер (5), Наполи (19) и Анкона (1-0) можете да ги погледнете во следниве 12 минути. Опуштете се и уживајте со мајсториите на Гранде Пандев.


Реклама
Реклама
Реклама

Популарни