Поврзете се со нас

Италија

Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил

Објавено

на

Горан Пандев двапати ја тресеше мрежата на Беневенто во период од десет минути и со тоа влезе во одбрано друштво во Серија А, натпреварување во кое македонскиот капитен сосема заслужено ужива епитет на вистинска легенда.

Пандев сега и со најдобра можна статистика го оправда ваквиот статус, бидејќи со вчерашните два погодоци стигна до јубилејна бројка од точно 100 погодоци во Серија А, со што влезе во одбрано друштво на фудбалери како Ибрахимовиќ, Шевченко, Трезеге, Касано, Кавани, Игуаин, Креспо, Инѕаги, Дел Пјеро и многу други.

Како дел од „клубот 100“, Пандев добива посебно место во историјата на италијанскиот фудбал, уште повеќе ако се знае дека Гоче е првиот Македонец со 100 постигнати гола во Италија, а воопшто и во петте најсилни лиги во светот.

Поради ова фантастично достигнување, Пандев доби безброј пофалби од Италијанците и новинарите лично му ја нагласија неговата фудбалска големина, но популарниот Гоче беше максимално скромен во моментите кога добиваше само комплименти и одново тимските цели ги стави пред индивидуалниот успех, како и секогаш во кариерата.

– Тука сум со години, навистина никогаш не верував дека ќе постигнам толку многу голови. Јас не сум прв напаѓач, не сум класичен напаѓач, играв на многу други позиции како крило. Среќен сум за мојот рекорд, уште повеќе што го остварувам со дресот на најстариот клуб во Италија.

– Сепак, за мене поважен е опстанокот, треба да мислиме на тоа. Главна цел е опстанокот, а потоа ќе зборувам со претседателот и директорот. Навистина се чувствувам добро, но моја идеја се уште е да се пензионирам по Европското првенство. Ќе видиме што ќе се случи, – изјави Пандев кој во интервјуто за „Скај“ доби и директна порака од Конте за одложување на пензионирањето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни